Владата на вечерашната седница донесе одлука со која се воведува приложување на задолжителна потврда за извршена имунизација при влез во секаков вид објект каде има повеќе од 30 присутни лица
-Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани)-соопштија од Владата.
