За денеска во 11 часот, министерот за здравство Венко Филипче, закажа прес-конференција на која ќе ги објасни новите мерки донесени од Владата по вчерашната седница.
Имено, од 16. август ќе се забранат настани и прослави на затворено, а ќе биде воведена и задолжителна ковид потврда за сите посети на настани во просторија/објект во која има повеќе од 30 лица, вклучувајќи ги и угостителските објекти, како и сите спортски настани.
Прес-конференцијата следете ја во живо на социјалните мрежи на ТВ21.
