Од 5 до 14 јули поднесени речиси 42.000 барања за лични документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Генерално има сериозно зголемување на бројот на барања за издавање лични документи, но обрасци за сите лични документи има доволно. Службите се добро организирани и работат и секој граѓанин ќе добие личен документ за кој има потреба, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на МТВ.

Тој наведе дека од 5 до 14 јули 2021 се поднесени вкупно 41.864 барања за издавање лични документи.

– За една недела имаме барања колку што сме издавале документи во целиот јуни, а некаде и околу три илјади повици дневно за барања за издавање лични документи и околу илјада преку електронскиот пристап за закажување термин, потенцира министерот.

Спасовски информира дека во јуни се издадени 42 илјади патни исправи, околу 20 илјади лични карти и околу 10 илјади возачки дозволи, а тоа е, како што рече, речиси двојно зголемување од тоа што е нормално во летниот период и се издавале во земјава.