Од 6. септември забранет влез во Шведска за граѓани на Македонија и на Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шведска воведе забрана за влез на граѓани на Северна Македонија и на Косово почнувајќи од 6. септември. Оваа земја покрај Македонија и Косово, забрани влез и за граѓани на САД, Израел, Либан и Црна Гора.

Оваа мерка е донесена кза зпречување на ширењето на коронавирусот.

Шведска е уште една од земјите кои носат дополнителни мерки за моменталните жаришта на коронавирус.

Пред неколку дена Холандија донесе одлука за влез на македонските граѓани со задолжителна вакцинација, ПЦР тест и задолжителен карантин од 10 дена.