Од чадот не виделе ништо, се судрија два автомобили – палењето на депонијата во Никуштак го загрозува животот на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два автомобили се судриле кај Никуштак, Липково поради чадот од запалената’депонија поради што им била намалена видливоста. Возачите не се виделе еден со друг а по несреќата се здобиле со повреди. Двата автомобили изгореле.

„Околу 14.00ч е пријавено дека на стариот пат Куманово-Скопје, во с.Никуштак, во близина на депонија се случила сообраќајна несреќа во која учествувале Опел Астра со кумановски регистерски ознаки и Шкода Суперб со кумановски регистерски ознаки“, вели МВР.

ТВ21 го праша градоначалникот на Липково зошто се дозволува палење на депонијата а тој одговори:

„Со депонијата управува комуналното претпријатие но иако истата ја одржува, има неодговорни лица кои фрлаат отпад до регионалниот пат и го палат истиот. Тоа најчесто се случува во текот на сабота и недела. За сообраќајката која денеска се случи немам детали бидејќи сум на одмор“, вели Еркан Арифи.

Инаку оваа депонија се создаде во 2000 г. За да се ублажи малку лошиот изглед на депонијата, о. Липково пред 4 години  вети дека ќе изграду ѕид, но ништо од тоа ветување.