Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска повторно се достапни за пациентите, информираше министерот за здравство Арбен Таравари.
„Среќен сум да известам дека сите пациенти за кои недостигаше, од денеска ги имаат и овие два биолошки лека,“ изјави Таравари на настанот на кој беше претставен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.
Тој изјави дека постојано е во комуникација со директорот на Онкологија и дека доцнењето се должело на тендерските процедури.
„Не е дека тој згрешил нешто. Процедурите за набавка на одредени лекови траат и ако објавите пред три месеци тендер за тие лекови, мора да причекате и време на жалба и одредени процедури. Бидејќи се работи за меѓународни тендери потребно е време. Има прекин од само неколку дена, меѓутоа јас сум за тоа и тогаш да се алармира“, рече Таравари.