Од денеска поскапуваат патарините во Србија, ова е новиот ценовник

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од денеска поскапуваат патарините во Србија, на предлогот на Патиштата на Србија одобрен од Владата. Така возењето по српските автопати ќе чини во просек за 10 отсто повеќе.

Во продолжение погледнете колку ќе чини патарината од денеска:

Од денеска патарината за патничко возило Б категорија од Белград до Шид ќе чини 500 динари.

Од Белград до Суботица на наплатната рампа ќе ви се наплаќаат 800 динари, додека возењето по автопатот од Белград до Ниш ќе ве чини 1.130 динари.

Најскапо ќе биде патувањето од Белград до Димировград, за кое ќе ви се наплати 1.670 динари.

Патарината од Белград до Рума ќе чини 200, а до Сремска Митровица 270 динари.

Возачите ќе треба да издвојат 560 динари за патарина на автопатот „Милош Велики“ од Обреновац до Чачак.

Од Обреновац до Паковрат патарината ќе чини 650 динари, односно 320 динари за Љиг.

Од денеска од Суботица до Инџија за патарина треба да издвоите 710 динари, а до Нови Сад 490 динари.

Попуст за корисниците на електронска наплата

Попусти ќе продолжат да остваруваат корисниците на електронска наплата од шест отсто, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 отсто. Претходното зголемување на цените на патарините Владата на Србија го одобри во март минатата година за 14 отсто.