Поради потребата од зголемено тестирање, од денеска за 350 тестови се зголемува вкупниот број на тестирања на цела територија на Македонија.
„Обезбедени се допонителни капацитети за тестирање на дневно ниво. Во Институто за јавно здравје ќе се прават 100 тестови повеќе, како и во Центарот за јавно здравје. Во болницата во Козле ќе направиме дополнителни капацитети. Вкупно 350 тестови повеќе во текот на денот.“, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој додава дека во тек е и постапката за брзи тестови.
Во однос на опремата, в петок треба да пристигне и најавената донација од страна на НАТО Алијансата која пак се состои од 60 респиратори и заштитна медицинска опрема. Истата ќе биде распределна таму каде што е најпотреба.
