Од денеска македонски граѓани можат да влезат на територија на Република Србија без задолжителното приложување на ПЦР тест.
Претходно, премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.
Претседателот на Српската стопанска комора, Марко Чадез денеска оцени дека укинувањето на задолжителниот тест за ПЦР за сите што доаѓаат во Србија од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија е уште една добра одлука за економска соработка во регионот.
„Регионот е наш заеднички дом! Затоа оваа одлука на министерот за здравство на Србија за укинување на задолжителниот тест за ПЦР за секој што ќе дојде кај нас од регионот е уште еден показател за нашата подготвеност да ги отстраниме бариерите меѓу нас “, рече Чадез.
Претседателот на ПКС додаде дека оваа одлука секако ќе придонесе за уште подобро економско поврзување на нашите компании.
