Во Австрија ноќеска од полноќ на сила стапија нови мерки за влез во земјата од т.н. ризични региони. Во тие земји спаѓаат сите држави од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија.
За австриските државјани, државјаните на ЕУ и на Швајцарија, како и сите државјани на трети земји, кои имаат дозвола за престој во Австрија, ќе мора да покажат негативен ПЦР тест, кој не смее да биде постар од 72 часа.
Ако немаат ПЦР тест, ќе мораат во самоизолација кој се прекинува со ПЦР тест во рок од 48 часа направен во Австрија, на сопствен трошок. Доколку ПЦР тестот не се направи во рок од 48 часа, предвидена е казна од 1450 евра.
