Покрај 46-те нови заразени со коронавирус во нашата земја, од Инфективната клиника денеска биле испишани три лица кои имале два негативни теста на вирусот. Според министерството тие се во добра состојба и се испратени дома.
„Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.“, соопштија од Министерството за здравство.
Со тоа бројката на излечени сега изнесува 20 лица.
