Од каде потекнуваат несаканите мејлови? – Еве од каде ви пишува „братучедот од Германија“ или „нигерскиот принц“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите знаеме што е спам – тоа e несакана е-пошта која ја добиваме во нашето сандаче (или „Trash“), без разлика колку пати ќе одбиеме да ја обновиме претплатата во теретана или да купиме градински столчиња со 15% попуст.

Но, дали некогаш сте се замислиле од каде потекнуваат повеќето мејлови?

Секој втор не сакан мејл доаѓа од Русија или САД, покажува анализата на веб-страницата Atlas VPN. Покрај тоа, една третина од сите испратени мејлови во последните две недели биле „спамови“.

Овие две земји се одговорни за повеќе од половина пратени „спамови“ во последните шест месеци, па затоа може да се каже дека тие се „суперсили“ во виртуелниот свет, како и во реалниот свет.

Вкупно, 44,2% од сите „спам мејлови“ доаѓаат од САД. Ова, се разбира, значи дека скоро секој „нигериски принц“, „тајландска убавица“ или „братучед од Германија“ кој ви пишува – всушност е од ова место.

Русија е на второ место според бројот на „спамови“ со 9,5%, а Германија е на трето место со 7,6%. Интересно, и покрај зголемената цензура, 3% од несаканите е-пораки во светот доаѓаат од Кина.