Од Ковид-19 почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од компликации на Ковид-19, почина Енвир Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје. Тој бил хоспитализиран во болница поради здравствни проблеми, а бил позитивен и на коронавирусот.

Малиќи беше сопственик на „Гемак трејд“ и советник во Советот на Град Скопје од редовите на ДУИ. Во 2017 година, градоначалникот Петре Шилегов го назначи за негов заменик.

Редакцијата на ТВ21 изразува сочувство.