Од музеј во Холандија украдени вредни експонати откако крадците употребиле експлозив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три нараквици и антички златен шлем, централната поставка на изложбата, се украдени од музејот во Асен во Холандија, објавија денеска локалните медиуми, по упадот на експлозив во музејот претходната вечер.

Музејот Дренте во Асен на северот на Холандија до крајот на викендот требаше да биде домаќин на изложбата „Дачија, империја на златото и среброто“, со бројни ремек-дела позајмени од Романија.

Полицијата за експлозијата била известена ноќта меѓу петокот и саботата околу 3:45 часот, објави музејот на својата веб-страница.

Крадци украле три кралски нараквици и златен шлем од романскиот регион Кокофенести, централната поставка на изложбата, од периодот – 450 година п.н.е.

„Ова е црн ден за музејот во Асен и Националниот историски музеј на Романија во Букурешт.

„Длабоко сме шокирани од настаните што се случија синоќа“, изјави директорот на музејот Хари Тупан.

„Во 170 години постоење (на музејот), никогаш немало толку сериозен инцидент. Чувствуваме голема тага и за нашите романски колеги“, рече Тупан, додавајќи дека полицијата започнала истрага.

Експлозијата ги оштетила просториите на музејот, кои ќе бидат затворени за време на викендот.