МВР ги отфрли информациите за полициски притисок врз верници пред празникот Фитр Бајрам. Тие испратија соопштение до ТВ21 по повод обвинувањата од ИВЗ за притисокот врз имамите да не прават кланање намаз за празникот.
„Министерството за внатрешни работи, категорично ги отфрла како паушални и неточни изесени тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница а по повод чествувањето на престојниот верски празник Фитр Бајрам. Полицијата, односно министерството за внатрешни работи ниту има надлежност ниту пак се обидувало да наметне влијание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот.“, велат од МВР за ТВ21.
