Од октомври 5% покачување на платите, ново покачување во март следната година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од овој месец, наставниците од основните и професорите од средните училишта ќе добијат покачени плати за 5%. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, рече дека се задоволни со договорот и во иднина да има покчување на платите.

Премиерот Христијан Мицкоски, истакна дека од март месец наставницте ќе добијат зголемување на платите за 7%, а постојано до 2028 година ќе продолжат со зголемување на платите до 12%.

Реагираа од опозициската СДСМ од каде сметаат дека Владата ги потценува насавниците и нивната работа, велејќи дека наставниците немаат потреба за утешна награда туку за реално покачување, које според нив треба да изнесува 12%.

Инаку пред еден месец се одржа протест со неколку наставници кои побараа покачување на платите, но Независниот синдикат за образование, наука и култура не учестуваше бидејќи сметаа дека е политички протест.