Од погрешни политики до сиромаштија и печалба – кичевските села се празнат, за 5 години од Колари заминале 50 млади

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Погрешната политика носи сиромаштија, а младите бегаат“, велат жителите од кичевско Колари, село од кое, само во последните пет години заминале 50-тина млади луѓе во западните земји и тоа со работни визи.

Миграцијата стана чума за ова населено место. Доколку се прошетате низ него, ќе забележите дека мал е број на млади лица кои останале.  Велат перспектива нема, иако селото има поволна географска положба, бидејќи тука минува главниот пат што ги поврзува северозападниот и југозападниот дел од државата. Многу куќи се затворени, но и оние што се отворени имаат луѓе членови на нивни семејства кои се на печалба. Населението во селото полека, но сигурно, старее.

„Состојбата во село Коларе е нула, нема никаква иднина, младите бегаат, нема работа, нема пари. Мора да бегаат затоа што треба да се хранат, затоа што овде државата не постои. Ако имало држава, и мажот и жената би можеле некако да живеат. Но, во моментов еден човек не може да издржува 4 или 5 луѓе. Затоа е принуден да ја напушти државата, а за да го направи тоа. И јас самиот ќе заминев, но нема кај да оди старецот. Што ќе правам…Социјалната пензија  земам, 100 евра не ми стигаат ни за дома“.

Во селото сретнавме иселеник кој беше дојден на одмор од САД. Ни кажа дека со семејството отишол таму пред 16 години од економски причини. Додава вели дека селото се менува од година во година поради големото иселување на младите.

„Како живеев без моето село пред 15 години? Имаше повеќе луѓе, имаше повеќе младост и повеќе живост, а сега полека се движи кон празнење, топење. Најлошото е што веќе не можеме да го наречеме печалба, туку миграција и тотална миграција“.

Тие повеќе не чекаат селото да заживее. Со било кој да поразговарате, ќе ви каже дека сака да замине, и никогаш да не се врати тука.

„Оваа ситуација нема решение, бидејќи младите не се враќаат овде, затоа што живеат поубав живот во Европа. Не се вражаат во Колари, бидејќи нема промени во Колари. За мене нема промени, за нив уште помалку“.

Младоста ја оставив во САД.  Се обудуваат да го градаат животот таму, со сопруги и семејства и да се занимаваат со разни бизниси. Не можеме да веруваме или надеваме дека еден ден повторно ќе се вратат, било со инвестициија или едноставно како индивидуа”

Колари има 240 куќи и близу 1.200 жители. Поради иселувањето, се помал е бројот на ученици во основното училиште.