Од политиката на модната писта – министерката Сања Божиновска во улога на модел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, се појави во несекојдневно издание, заменувајќи ги политичките активности со прошетка по модната писта.

Нејзиното учество на модниот настан било во знак на поддршка на занаетчиството, женската креативност и претприемништвото.

Со ова појавување, Божиновска се приклучи на иницијативата за промовирање на креативниот потенцијал на жените и поддршка на нивната работа.

Настанот привлече внимание и поради невообичаената улога на министерката, која овојпат се најде во светот на модата.