Од септември учениците конечно ќе се вратат во школските клупи. МЗ е при крај со изработката на протоколите. За две недели, протоколите ќе бидат објавени, а министерот Филипче денеска спомна дел од протоколите што ќе треба да се спроведат низ училиштата.
И министерот Филипче лично смета дека доколку состојбата со вирусот продолжи вака, учениците конечно треба да се вратат во училиште.
Од вкупниот број наставници кој изнесува околу 30 илјади, Филипче рече дека се вакцинирале околу 10 илјади. Се планира со вакцините кои ќе пристигнат овој викенд да се вакцинира останатиот дел од наставниците. Протоколите се подготвени од Комисијата за заразни болести заедно со членови на МОН.
