Синоќа на ТВ21 имаше отворено студио по повод изборите во САД, на кои утрово дознавме дека победник е Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа после четири години.
Во студиото на ТВ21 имавме експерти од различни области. Најпрво имавме професор и студент од Американ Колеџ од Скопје, потоа и политички аналитичари, па комуниколози, економски експерт кои сите од своја гледна точка ја видоа кампањата и изборниот прцес во САД.
Во Американ Колеџ во Скопје, се проектирал изборниот процес, во кој студентите гласале за својот кандидат и на крајот Трамп бил тој што победил. Досега Американ Колеџ има само еднаш промашено околу победникот на изборите, а тоа било кога претседател станал Џо Бајден.
Студентот од Американ Колеџ, Исак Мисини објасни какви ќе бидат политичките влијанија при победа на Трамп.
„При победа на Трамп, гледам поголеми политички компликации за регионот, со оглед дека двајцата најголеми автократи во регионот Вучиќ и Додик навиваа за него“, рече Мисини.
Професорот Александар Нацев, експерт од безбедноста, вчера од студиото на ТВ21 рече дека Трамп ќе ја намали поддршката кон Украина во конфликтот со Русија, додека Александар Спасеновски кажа дека Трамп е нестандарден претседател, и често излегува од своите ингеренции.
„Во 2016 година се појави Македонија на мапата поради Велес, и беше интересно тогаш дека никој не веруваше дека Трамп навистина ќе победи, и затоа не се обрнуваше толку многу внимание, но не верувам дека вестите оние лажни вести од фабриката од Велес навистина многу влиајеле на резултатот, но ширење на дезинформации има и во оваа кампања“, кажа Ризаов.
Бојан Кордалов кажа дека дебатите се многу важни во САД за добивање на гласови, и дека една таква го исфрли Џо Бајден од претседателската трка.
Во студиото на ТВ21 гостуваше и економскиот експерт Зоран Јовановски, кој рече дека за Македонија е сеедно, но дека за економијата во ЕУ е подобро да победи Трамп, затоа што ќе ја смири војната во Украина, а тоа ќе донесе многу економски придобивки во Европа.
„Економијата во голема мера зависи од моменталната безбедносна ситуација. Победа на Трамп би ја смирила тензијата во украинско-рускиот конфликт, и со тоа ЕУ би можела да биде постабилна. За Македонија е сеедно, со оглед дека ние ќе останеме на патот кон ЕУ, и ќе имаме пред себе борба со корупцијата и криминал, и тоа ќе остане како цел без разлика кој ќе победи“, рече Јовановски.
Повеќе три часа имаше дебати, анализи, интересни факти.
На крајот се покажа дека овојпат Симпсонови погрешно го предвидоа победникот на изборите.
Целото отворено студио може да го погледнете низ следното видео: