Од среда започнува вакцинацијата против грип – Клековски: Приоритет ќе имаат возрасните над 65 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од среда, идната недела ќе започна вакцинацијата против сезонскиот грип најави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој истакна дека вакцинирањето ќе оди според ризични групи, односно први ќе бидат вакцинирани повозрасните лица сместени во институции. Пријавувањето за вакцина ќе биде преку сајтот вакцинација.мк

Со илјада вакцинации дневно ќе стасаме до 15 ноември кога ќе пристигне втората количина. Приоритет прво имаат возрасните над 65 години згрижени во институции, заради институцискиот карактер и поголемиот ризик за епидемија во микро услови. И другите ризични групи ќе си бидат опфатени спрема оценката Комисијата, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.