Од страв или од љубов кон градоначалникот – стружани со различни мислења за Мерко нон-грата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од страв да го кажат тоа што навистина го мислат, или од љубов за градоначалникот, стружани со различни мислења за Рамиз Мерко кој е прогласен за персона нон-грата од САД. Многумина од нив прстот го вперуваат кон Владата и политичките лидери, велејќи дека рибата смрди од главата.

-Дали е корумпиран или не?

„Каква Америка, какви бакрачи, јас не можам да се жалам, од Дебар сум, тука живеам 5 години, но има добри работи“.

„Не, немам, се е во ред за мене“.

–Прогласен е за корумпирано лице, ова не ви пречи како на стружанец?

„Не, не гледам тука ништо“.

-Како го коментирате тоа што Мерко е на црната листа на Америка?

„Многу добро го коментирам,каква врска има, така прават само затоа што ја изгради цела Струга“.

Имаше и такви кои воопшто не сакаа да коментираат.

„Не“.

-Коментар за г. Мерко?

„Не, не, немам добри односи“.

-Имате ли коментар во врска со тоа што Рамиз Мерко е на црната листа?

„Не, немаме“.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко заедно со потесното семејство се најде на црната листа на САД,бидејќи како што соопшти Стејт департментот, вмешан е во корупција и влијание врз судството.