„Од црно бел до филм во боја“ по операциите на д-р Арнаудовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од црно бел до филм во боја по операциите на д-р Арнаудовски“, е реакцијата на пациент кој оперирал катаракта во „Систина Офталмологија“.

Дали овој коментар е на место, одговори д-р Арнаудовски гостувајќи попладнево во „Урбан Таг“ на ТВ21:

„Импреисвна е операцијата на катарактата. Се смета една од најпрецизни операции, и интересно е искуството и на пациентот и на лекарот. Пациентот не гледа, има заматена слика, го оперирате, тој станува, и одеднаш му се гледаат јасни бои, и тоа е една слика која сте имале кога сте имале 25-30 години“, рече Арнаудовски кој истакна дека реченицата искажана од пациентот вистинско ја отсликува операцијата на катарактата.

Целата изјава низ видео: