Од Унгарија пристигнаа 6 000 дози вакцини за имунизација на граничната полиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Унгарија пристигнаа денеска 6 илјади дози на вакцини, со кои ќе се имунизира граничната полиција, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Пристигнаа 6.000 дози вакцини за имунизација на Граничната полиција при МВР од страна на делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, како пријателски чин на Владата на Република Унгарија“, напиша Спасовски на „Твитер“.