Од утре армијата ќе помага во областите погодени од поплавите во Валенсија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Армијата е повикана да им помогне на областите во Валенсија погодени од поплавите и ќе биде целосно ангажирана од петок, изјави денеска претседателот на регионот Валенсија, Карлос Мазон.

„Само што побарав вклучување на армијата и расположливите копнени, морски и воздушни сили за зајакнување на логистичките задачи и дистрибуција на помош до населението“, рече Мазон во објавата на социјалната мрежа X, пренесоа шпанските медиуми.

Тој додаде дека армијата потврдила дека воената единица за вонредни ситуации ќе биде вклучена во пружањето помош во Валенсија.

Повеќе од 1.000 војници од шпанските спасувачки единици денеска им се придружија на регионалните и локалните работници за итни случаи во потрагата по тела и преживеани.

Министерството за одбрана на Шпанија соопшти дека војниците сами до синоќа извлекле 22 тела и спасиле 110 лица од поплавеното подрачје.

Шпанската полиција соопшти дека 39 лица биле уапсени во текот на ноќта како дел од операцијата за спречување на криминалот, која била започната околу областите со продавници погодени од поплавите.

„Пронајдени се многу украдени предмети“, соопшти полицијата, објавувајќи слики од продавницата која очигледно била цел на разбојниците и голем број предмети запленети од полицијата.

Новинската агенција „Европа прес“ објави дека регионалното Министерство за земјоделство „итно договорило“ отстранување на угинати животни од фармите, како и поправка на патиштата што водат до добитокот.

Во извештајот се наведува дека подрачјата погодена од поплавите се соочува со огромна загуба за сточарите и сериозен проблем за јавното здравје и дека животните ќе се отстрануваат бесплатно.

Како што објави Ел Паис, снабдувањето со електрична енергија е вратено на 75 отсто од погодените корисници во Валенсија.

Електричната енергија е вратена на повеќе од 114.000 корисници во провинцијата Валенсија, што е околу 75 од погодените од невремето, додека работата продолжува за обновување на мрежата.

Според последните податоци, во поплавите на југоистокот на Шпанија загинале 158 лица, додека голем дел се уште се водат како исчезнати.