Од утре повторно ќе работи пасошкото одделение, под кои услови ќе патуваат оние со истечен пасош?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пасошкото одделение од утре повторно ќе работи по неколкудневната надградба на софтверот. Со олабавувањето на мерките се зголеми интересот за патување кај граѓаните. Не е мал бројот на оние што во последен момент воочиле дека пасошот им е истечен велат од МВР, бидејќи година и повеќе не го користеле заради пандемијата.

Па, така околу 3-4 000 барања има дневно и затоа ќе се работи со продолжено работно време, во две смени и за викенд. Оние кои сакаат да извадат пасош по итна постапка за лица до 4 години ќе ги чини 4 600 денари, од 5- 27 години 4 700 денари, а за граѓани над 27 години 4 800 денари.

Поради големиот број иселеници кои поради пандемсиките услови не можеле да ја продолжат патнаат исправа парламентот донесе одлука со која се продолжува важноста на патните исправи и таа стапува на сила на први јули и ќе трае до 31-ви декември годинава.

„Македонските граѓани без оглед дали имаат бугарски или друг пасош мора да ја напуштат државата со македонски пасош, без оглед дали е истечен влезот ќе им биде дозволен, но на излез им треба валидна патна исправа“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.