Од утре субвенции за возила на алтернативно гориво, до 300 евра за вградување на плин само едно возило во семејство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Промовирана првата мерка од „Зелената агенда“. Се однесува на справување со аерозагадувањето од возилата.

“Субвенционирање на граѓани кои ќе вградат уреди за течен гас , метан и друг вид на алтернативно гориво во возилата. Оваа мерка за првпат беше спроведена во 2019 та гдина кога беа субвенционирани на д 730 граѓани кои вградија вакви уреди во возилата“, посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

Тие што ќе вградат уред во возилата почнувајќи од утре ќе бидат субвенцонирани со 50% од трошокот, но не повеќе од 18 000 денари. Ова важи само за едно возило од семејство.

За да добијат субвенции сопствениците на возила произведени од 2005-та година, со вградениот уред се упатуваат во техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР, каде треба да се пријави преправката. Во МВР се издава упатница за извршената проверка на сообразноста на направената преправка. Со потврдата од техничката служба сопственикот на возилото од МВР добива нова сообраќајна дозвола.

1.Со вградениот уред се упатуваат во техничка служба која ќе ја констатира преправката;

  1. Сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката;
  2. Во МВР се издава упатница за извршената проверка;
    4.Со потврдата од техничката служба сопственикот на возилото од МВР добива нова сообраќајна дозвола.

Документацијата потребна за пријавување на јавниот повик во Министерството за економија е следната.Пополнето барање и изјава од подносителот на барањето, фискална сметка со сметкопотврда или фактура, копија од сообраќајната дозвола за возилото заверена на нотар, фотокопии од лична карта и трансакциска сметка каде министерството треба да ги уплати субвенциите.

Јавниот повик ќе биде објавен утре. Огласот ќе трае 60 дена на принципот прв дојден прв услужен. За оваа мерка од буџетот се одвоени 11 милиони денари. Намалување на ДДВ-то во делот на царините за увоз н електрични и хибридни возила во земјава, измени на Законот за енергетска ефикасност се дел од проектите кои ќе бидат опфатени со „Зелената агенда“.