Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со полагање цвеќе и пригоднна програма пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 65 годишнината од неговото раѓање.

Цвеќе положија градоначалникот на Струмица Коста Јаневски заедно со претставници на Советот на општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.

– Многу пати досега сме зборувале за животниот и професионалниот пат на нашиот сограѓанин и секогаш тие наши навраќања за неговиот живот и дело изобилувале со бројни факти, потсетувања на значајни настани и редица извадоци од негови изјави, но и изјави од други светски државници за него. Сето тоа станува дел од нашата меморија и причина да бидеме единствени во заложбата: „За претседателот Трајковски заборав не смее да има“, рече во својот говор градоначалникот Јаневски.

На одбележувањето беа доделени наградите за најдобрите творби од распишаниот литературен конкурс во чест на Трајковски-„Миротворецот“, а наградените беа прочитани пред неговиот споменик.

Вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.

Од тројцата браќа Трајковски повеќе никој не жив. Најстариот Мојсеј почина во април лани.