Одбиена кандидатурата на Калин Георгеску за претседател на Романија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Централната изборна комисија во Романија, одлучи да ја одбие кандидатурата на Калин Георгеску за претседателските избори, јавуваат локалните медиуми.

Тие се повикуваат на информации од лидерот на доманската крајнодесничарска партија АУР, Георге Симион.

Се очекува доцна вечерва членовите на комисијата да ја соопштат причината за одлуката.

Пред зградата на институцијата има стотици поддржувачи на Георгеску и силно присуство на полицијата. Пред неколку дена Георгеску беше уапсен и однесен на сослушување во врска со минатогодишните избори кои беа поништени поради наводно руско влијание.

Инспекторите го испитуваат финансирањето на неговата кампања минатата година.