Одбраната во „Рекет“ тврди дека лицето кое вештачело од Обвинителството нема сертификат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судот се произнесе дека ги прифаќа дел од доказите кои дополнително ги поднел Бојан Јовановски, а тоа се реверс за слики од галерија, список со заштитени брендови, како и финансиски извештај (картица) од авторската агенција.

Катица Јанева поднела извод од сметката на нејзиниот татко, приватна тужба против Бојан Јовановски, како и докази за издавањето на времената патнана исправа на Јордан Орце Камчев. Судот не ги прифати како докази дополнителни аудио снимки кои одбраната ги предложила, а снимки кои беа објавени на интернет.

Адвокатот Сашко Дуковски кој го застапува Јовановски бараше да се изврши дополнително вештачење на мобилниот телефон на Боки 13, а рече дека вештакот од Обвинителството вештачел без да има сертификат за тоа. Потенцираше дека став на сите останати Апелациони судови во Македонија е дека лице без сертификат не може да вештачи.

Дуковски додаде дека само три фотографии биле вештачени од мобилниот телефон на Јовановски.

Под посебни мерки за безбедност поради коронавирусот продолжи судскотоброчиште за “Рекет”. На влезот од Кривичниот суд беше измерена температура кај секој од присутните, а на расправата задолжително е носење маска и растојание од најмалку два метри.