Екс министерот за здравство Никола Тодоров во судница на рочиште за „Организаторите на 27. април“, рече дека тој ден имало разогвори за широка коалиција.
Министерката за одбрана, која воедно е и дел од СДСМ, вечерва во „Клик Плус“ коментираше за тоа дали постоело такво нешто.
„Одговорно тврдам дека немало никакви преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за широка коалиција. Затоа се изјавите на сите нас во иста насока. Според информациите, ВМРО-ДПМНЕ си правело бајки, и се трудело да добие поддршка за една таква идеја. Можеби целата таа акција за насилство, за напад, за постојани протести ја организирале токму за тоа да издејствуваат широка коалиција“, рече Шекеринска.
Целата изјава низ видео:
дасдс
