Хрватска го одложува пописот на населението, што требаше да се одржи оваа пролет.
Ваква одлука е донесена од страната на Владата поради епидемиолошката состојба со ковид-19 во земјата.
Од таму додаваат дека планот е пописот да се спроведе во две фази, од 13 септември до 17 октомври. Во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат самостојно, преку интернет, а во втората фаза пописот ќе се спроведе на терен од попишувачи, во лично интервју со населението.
Во случај, поради посебни околности, пописот да не може да се спроведе во утврдените рокови, Владата со посебна одлука ќе утврди нови рокови.
