Одложен вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ свикан од Иницијативниот одбор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ информира дека денеска е одржан состанок на кој биле разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28 Март во Скопје.

„Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес“, посочуваат во соопштението.

Од таму велат дека Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин.