Натпреварите од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити – Реал Мадрид и Јувентус – Лион, нема да се играат во предвидениот термин, односно другата недела. УЕФА ги одложи и двата меча.
Манчестер Сити – Реал е одложена поради тоа што сите фудбалери на шпанскиот тим е во карантин, откако еден кошаркар на оваа екипа, кој бил во контакт и со фудбалерите, е позитивен на вирусот.
Јувентус – Лион е одложена поради тоа што фудбалерот на Јуве, Даниеле Ругани, вчера беше позитивен на вирусот.
Засега не е познато дали ќе бидат одложени и другите два меча Баерн Минхен – Челзи и Барселона – Наполи. Сигурно е дека ќе се играат без публика, но можно е да бидат и одложени.
Вечерва во Лигата на Европа се одложени два меча. Нема да се игра во Милано меѓу Интер и Гетафе, и во Севиља меѓу истоимениот тим и Рома.