УДАРНА ВЕСТ

Одложено судењето за убиствaтa на Вања и Панче, обвинетиот Видевски е во болница и во многу лоша здравствена состојба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Судското рочиште против обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски е одложено, поради тоа што еден од обвинетите Боре Видевски и натаму е на Клиниката за нефрологија во лоша здравствена состојба.

„-ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје на 02.10.2024 година го извести Основниот кривичен суд Скопје, дека притвореникот Б.В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ Затвор Скопје е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника заради влошена здравствена состојба, соопшти Судот, пренесува „Фокус“.

Претходно адвокатот на Видевски кажа дека неговиот клиент пред неколку години имал трансплантација на бубрег но дека истиот му откажал и дека е во многу лоша здравствена состојба.