Иако е енергетска криза, не е предвидено граѓаните кои се со ниски примања да можат да го одложат или да доцнат со плаќањето на електричната енергија. Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека тоа не е предвидено со закон но дека може да се постигне договор меѓу граѓаните и дистрибутерите на струја.
Бектеши соопшти дека за покривање на дел од сметките за електрична енергија, до вчера аплицирале 6500 лица сметајќи ги и апликациите стинати по пошта а очекуваат бројката да достигне и до 7000 апликации. Од помошта ќе и маат придобивка семејствата кои се со ниски примања.
„Важно е да се истакне фактот дека за сите овие апликации се обезбедени средства во вредност од на д 1 милион евра или над 60 милиони денари, со единствена цел во текот на цела 2022 за разни категории семејства со ниски примања да покриеме дел од сметките за струја“, рече Бектеши.
Од тоталната сума за електрична енергија на сметките во семејствата со ниски примања, помошта ќе покрие 600 до 800 денари. Од мерката ќе имаат придобивка уште 9500 пензионери со ниски пензии. Конечната листа на апликанти ќе биде готова до крајот на февруари а вчера заврши јавниот повик.
