Одлука за границите во петок? Владата бара посебен протокол од комисијата за заразни болести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ништо конкретно за отворање на копнените граници. Одлуката за отворање на граничните премини ќе се донесе откако Комисијата за заразни болести ќе направи протокол за влез и излез од земјава. Оваа обврска ја додели Владата, од каде велат дека нема предложен датум за тоа кога може да се отворат границите. Техничкиот премиер, Оливер Спасовски вели дека треба да се седне, да се разговара и да се координираат со надлежните во соседните држави.

Според вицепремиерот Бујар Османи отворањето на копнените граници е сериозен чекор кој предвидува паралелно отворање и на аеродромите.

За ТВ21 директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери кој е дел од Комисијата, рече дека предложиле отворање на границите на 1 јуни, нешто што Спасовски го демантира. Зибери исто така рече дека доколку се отворат границите за граѓаните од соседните држави нема да има карантин ниту тестирање.