Ѓорѓиевски: Фатен маж како создава дива депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека лице е на место фатено како создава депонија во Кисела Вода.

Како што вели, за ваква постапка нема толеранција.

„Доцна вечерва, инспекторите на Град Скопје затекнаа лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија. Истото е веќе санкционирано.

Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме.

Таквата неодговорност нема да помине без санкција! Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните. Инспекторите се на терен 24 часа, а во тек е и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите. Скопје е наш заеднички дом. Да се однесуваме одговорно!“, вели Ѓорѓиевски.