Одрон на патот Виница – Берово, го прави проблематичен сообраќајот на овој пратен правец вечерва. Одронот е кај месноста наречена „чешма“.
Затоа сите оние кои возат на овој патен правец, нека внимаваат на одронот додека надлежните не го отстранат.
Сообраќајот на овој патен правец поради одронот се одвива отежнато и во една коловозна лента.
