15 милиони денари одвоени од Министерството за култура, според министерот Зоран Љутков, се доволни за објектот на Театарот и библиотеката во Тетово. Но, за целосно завршување на овој објект потребни се 1 милијарда денари.
Додека заменик министерот Садат Сулејмани вели дека доделените средства не се доволни. Тој нагласува дека овој објект работи повеќе од 10 години и дека работите се сè полоши и полоши. Сепак, тој се надева дека објектот ќе биде готов до крајот на мандатот.
-Средствата за Тетовскиот театар, никогаш нема да бидеме задоволни додека не се заврши. Работите за Тетовскиот театар веќе десет години се одолговлекуваат и состојбата е се полоша и полоша. Седнавме и во Влада и разговаравме за овој проблем. Тоа е сериозен проблем и се надевам дека во нашиот мандат до крајот на мандатот ќе го решат и верувам дека ќе го решиме, изјави заменик министерот за култура, Садат Сулејмани.
Пред неколку месеци Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција покрена обвинение против правно лице и три физички лица, во врска со градежната постапка за Театарот и библиотеката во Тетово. Со дејствија кои претставуваат повеќекратна реализација за истото дело, осомничените за второобвинетиот правно лице оствариле големи придобивки, од над 8 милиони денари.
