ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА ВО СВЕТОТ НА ФУДБАЛОТ: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота загинал во сообраќајна несреќа во Шпанија, информираат медиумите во Португалија, а веста ја потврди и „Марка“.

Подоцна веста ја потврдија и „Дејли Мејл“ и „Сан“. Фудбалерот бил заедно со неговиот брат Андре, кој е меѓу загинатите. Наводно во еден момент возилото излетало од патот и се запалило, а потоа оганот се проширил на блиската вегетација.

Жота (28) во својата кариера играше и за Вулверхемптон, Порто, Атлетико Мадрид и Пасош Фереира.