Охрабрувачки вести од Италија: Регистриран најмал број на заболени од 10 март наваму

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италија денеска објави најмалку новозаболени регистрирани случаи од коронавирус од 10 март наваму.

Во последните 24 часа потврдени се нови 1.075 случаи на Ковид-19. Секојдневно се зголемува бројот на оздравени пациенти. Најмногу нови случаи и натаму има во областа Ломбардија.

Од Цивилната заштита информираат дека има пад на пациенти во болниците. Во моментов на интензивна нега се 1.427 пациенти. 16.270 пациенти се во болница со симптоми на коронавирусот. 553 пациенти биле пуштени дома во текот на вчерашниот ден.

Бројот на починати се зголеми за 236 лица во последните 24 часа. Тоа е мало зголемување на оваа бројка, затоа што вчера беа регистрирани 195 жртви.