ОЈО испитува дали има умислена одговорност кај родителите на Васил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителството потврди дека се шири истрагата против 20-годишниот Васил Јованов, со неговите родители. Првиот човек на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски информира дека тие испитуваат дали има некаква инволвораност на родителите давајќи средство, односно возилото, со што се предизвикала општа опасност.

Тој додава дека се истражува дали имало умислена одговорност и кај родителите.

Бубевски вели дека досега надлежен обвинител издал наредба и е направен увид, на случајот работат вештаци и контактирана е Судска медицина.

-Сопственоста на возилото е на име на таткото и дадени се во оваа насока наредби на МВР. Се испитува како му е дадено возилото на обвинетиот, вели Бубевски.