ОЈО поднесе обвинение за едно лице во предметот познат како „Лидери“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Гаши: Полесно е да се формира ново мнозинство, отколку да се зголеми владиното мнозинство

На прашање од политичките аналитичари вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, околу тоа дали е можно да се направи...

Гаши: Би биле дел од Владата, но без ДУИ

Би биле дел од Владата на Заев но без ДУИ и прифаќање на неколку наши барања, велат од Алтернатива. „Доколку...

Гаши: Нема ниту еден пратеник од опозицијата кој ќе се приклучи на актуелното мнозинство во Собранието

Наши пратеници нема да преминат во владиното мнозинство, ниту пак имало преговори со СДСМ, рече вечерва ексклузивно во дебатниот...

Едномесечно бебе најмладата жртва од Ковид-19 во Грција

Бебе старо 37 дена е најмладата жртва од Ковид-19 во Грција, откако помина 17 дена приклучено на апарати на...

Гаши: Владата на Заев е во криза, не може со ова мнозинство да излезе од кризата

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој е во коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села дебатира вечерва во...

По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“.

Обвинетиот педесетгодишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во соопштението од државното јавно обвинителство, во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана, се посочува во соопштението.