Околу 450.000 луѓе го посетиле Мачу Пикчу во 2021 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу 450.000 луѓе ја посетија тврдината на Инките Мачу Пикчу, главната туристичка атракција во Перу во 2021 година, но ова е многу помала посетеност забележана во 2019 година, пред пандемијата на корона вирусот.

Мачу Пикчу, затворен од крајот на јануари до почетокот на март 2021 година, го посетиле 447.800 луѓе, соопшти перуанското Министерство за култура, додавајќи дека најголем број посетители, 67.583, имало во октомври.

Во 2020 година, познатата тврдина беше затворена за јавноста речиси осум месеци поради епидемија на коронавирус. Во тоа време, само 274.594 луѓе го посетиле Мачу Пикчу.

Во Перу, од почетокот на епидемијата, повеќе од два милиони луѓе се заразени со корона вирусот, од кои 203.000 починале.

Мачу Пикчу, што значи „Стара планина“ на кечуански јазик, е изграден за време на владеењето на императорот Пакакутија (1438-1471) и се наоѓа на околу 100 километри од Куско, античкиот главен град на Империјата на Инките во југоисточен Перу.

Локалитетот бил откриен во 1911 година од американскиот истражувач Хајрам Бингам, а во 1983 година е ставен на списокот на светско наследство на Организацијата за образование, култура и наука на Обединетите нации (УНЕСКО).

Големиот чилеански писател Пабло Неруда го посети Мачу Пикчу во 1943 година, три години пред да се отвори за туристи. Во 1945 година на ова место му ја посветил песната „Alturas de Machu Piccu“ (Висини на Мачу Пикчу).