Опасниот мост во село Лака: Децата поминуваат секојден по скапаните даски за да одат на училиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ги загрозуваат нивните животи поминувајќи ја реката по овој мост кој се ниша, каде даските се речиси скапани и полни со дупки.

Жител на ова село раскажа дека пред една година едно лице паднало од овој мост и се здобил со тешки повреди.

-Пред една година се случи инцидент каде едно лице падна од овој мост и се здоби со тешки телесни повреди. Институциите ветија многу. Секој кој влезе во Владата вети дека ќе ја заврши изградбата на овој мост, но тоа беше само за да ги добиеме нашите гласови, изјави жител на селото.

Тие бараат да се изгради мост не само за пешаци, туку и за автомобили.

Мостот треба да изгради од бетон, за да можат да минуваат камиони и автомобили, а не само пешаци. Во центарот без потреба се изградени 10 мостови на 100 метри. Нема смисла децата да одат на училиште и да пешачат по 10 километри на ден, односно кога постои можност да се направи, изјави жител на селото.

Побаравме одговор и од градоначалникот на општина Сарај, в.д. Илас Весели и од Град Скопје, но до овие вести не добивме одговор.