Во раните утрински часови во Куманово изгореа два автомобили од кои едниот на обвинителот Џелал Бајрами, кој според првичните неофицијални информации се смета за намерен. Се претпоставува дека сторителите користеле уреди за блокирање на безбедносните камери, со цел да го избегнат снимањето на случката.
Пожарот зафатил значителен дел од возилото, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот бил навреме изгаснат. Во моментов, истражните органи работат на утврдување на причините за пожарот и можната поврзаност со професионалниот ангажман на обвинителот Бајрами.
Паралелно со овој инцидент, претходно ноќта, приватната канцеларија на советникот во општина Куманово, Фитор Јакупи, била опожарена. Според објава на Јакупи на социјалните мрежи, пожарот се случил околу 3 часот по полноќ.
Јавното обвинителство соопшти дека Јавен обвинител врши увиди на локациите на опожарување на два автомобили и деловен простор на советник во Општина Куманово.