Опожарена канцеларијата на Фитор Јакупи, советник во Куманово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општинскиот советник во општина Куманово, Фитор Јакупи, преку објава на својот фејсбук профил информираше дека му е опожарена приватната канцеларија во Куманово. Според него, инцидентот се случил околу 3 часот по полноќ.

„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3:05 часот од црна рака (на непознати лица) мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Фитор Јакупи.