Опозицијата ја обвини владата за економската криза ВМРО-ДПМНЕ: Мерките не ја подобруваат состојбата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По мерките на Владата за ублажување на економската криза и полесно соочување со „шокантните“ цени, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Трајко Славески вели дека Владата не ги зела предвид нивните предлози за намалување на акцизата за горивата, а моделот на Владата не гарантира дека нема тоа дема да удри по џебот на граѓаните.

Дури и за Движењето Беса оваа влада нема ниту знаење ниту идеи да ја извлече државата од економската криза.

„Што побрзо оваа влада мора да си замине и да го отвори патот за нови парламентарни избори кои ќе донесат ново одговорно мнозинство и подготвено да се соочи со тешките предизвици што ја очекуваат државата во наредниот период, некои од овие предизвици кои биле под влијание на геополитичката ситуација во Европа“, вели Абдуш Демири од Движењето Беса.

Од Алијансата за Албанците велат дека Владата манипулира бидејќи немаме најевтини цени на горивата, туку најниска просечна плата.

„За да има појасна вредност на цената на горивата и просечната плата, потсетуваме дека во Северна Македонија со просечна нето плата може да се купат 342 литри дизел, додека во Бугарија 456 литри, во Србија 409 литри, во Грција. 655 литри и во Хрватска 656 литри дизел“, велат од АА.

Од АА велат дека изјавите на Владата за економската состојба воопшто не се совпаѓаат со реалноста што ја доживуваат граѓаните.