Опозицијата, покрај измените во Деловникот, ги блокира и измените во Законот за здравствена заштита, обвинуваат од СДСМ. Од владеачката партија велат дека поднесени се 500 аманмани за измените за Законот за здравствена заштита.
-Не се само голем број на амандмани поднесени за промена на Деловникот за работа на Собранието, напротив, поднесени се и над 500 амандмани за измените за Законот за здравствена заштита, рече пратеникот Мартин Костовски од СДСМ.
За измените на Деловникот со коишто треба да се овозможи онлајн работа на Собранието, опозициските партии поднесоа 3000 амандмани.
